Двократниот европски шампион Вардар без проблеми стигна до нов триумф во ракометната Суперлига на Македонија откако вечерва во 12. коло славеше на гостувањето кај својот истоименик во Неготино со 22-35.
Домаќините успеваа да бидат во егал со големиот фаворит некаде до средината на првиот дел кога резултатот беше 9-10. До крајот на првите 30 минути следеше серија на „црвено-црните“ од Скопје која на пауза им донесе веќе комотни плус пет 12-17.
Во вториот дел разликата само се зголемуваше за на крајот да се стигне до конечните 22-35. Ален Ќосевски со осум погодоци беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Лазар Адамовиќ заврши со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА