Илиоски: Пресреќен сум што во светски рамки носам уште еден успех за македонскиот спорт!

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски е новиот светски шампион во дисциплината Лоу Кик, по освоеното злато на Светското ВАКО првенство кое се одржа во Албуфеира, Португалија.

Илиоски ја израдува спортска Македонија со повеќе од заслужената светска круна освоена по извонредните негови победи на шампионатот во финалните борби против Алберт Угриншиќ од БиХ, Ељан Алкишyев од Азербејџан и Нурбек Уришбоев од Узбекистан.

„Навистина сум пресреќен со освоената светска титула. Среќен сум што на крај се исплатеше вложениот труд, му благодарам на Бога и на сите кои веруваа во мене целиот овој период. Среќен сум што носам уште еден успех за македонскиот спорт“ – изјави за ЕКИПА од Португалија, Бобан Илиоски.

„Поминав без сериозни повреди и задоволен сум како ги изработив сите борби. Како што ветив така и исполнив со освоената титула светски шампион. До крајот на оваа година не чека уште едно натпреварување во тајландски бокс – Европско првенство во Турција Анталија. А на почеток на 2024 година имам понуда за професионална борба за ВАКО-ПРО титулата“ – дополнува Илиоски.

Се вчитува...