Црвена Звезда потопена од италијанските „проектили“

Црвена Звезда претрпе неочекуван пораз на домашен терен во Евролигата откако „црвено-белите“ загубија во преполната белградска Арена со убедливи 71-93 од екипата на Милано. „Црвено-белите“ се надеваа на уште едно одлично домашно издание како против Фенер, но налетаа на одлично шутерски расположен тим кој го наполни нивниот кош и заслужено стигна до победата. Милано постигна фантастични 17 тројки од 27 обиди (63% на успешност), шутерско шоу со кое е јасно дека победата е неизбежна.

Милано имаше предност во голем дел од првото полувреме, но Црвена Звезда сепак замина на одмор со минимално водство по тројката на Теодосиќ постигната со звукот на сирената. Српскиот состав потоа имаше 47-41 на почетокот од третата четвртина, но потоа следеше серија од импресивни 2-18 на италијанскиот шампон, во чии редови блескаше Маодо Ло. „Црвено-белите“ собраа сили за да се вратат и опасно да се приближат, но Шилдс и Ло влегоа во ново шутерско шоу, нанесувајќи на крајот и преубедлив пораз на вицешампионот на АБА.

Маодо Ло го одигра својот најдобар меч во дресот на Милано постигнувајќи 32 поени, Шилдс постигна 19 поени, додека најефикасен кај Црвена Звезда беше Давидовац со 18 поени.

Олимпијакос рутински ја оправда фаворитската улога против Жалгирис, триумфирајќи со 89-72. Кенан одигра одличен меч и со 25 поени ги предводеше „црвено-белите“ од Атина, во чии редови три поени малку постигна Питерс.

Се вчитува...