Лесно му е на Баерн кога го има Хари Кејн

Баерн Минхен ја забележа и шестата победа во низа во Бундес-лигата откако актуелниот првак славеше на гостувањето против Келн со минимални 0-1.

Како и многу пати досега оваа сезона, повторно улогата на херој му припадна на Хари Кејн, откако англискиот ас одлично се снајде и го постигна победничкиот гол во 20. минута од мечот. Баерн одлично одигра една акција, Сане биеше од левата страна, еден домашен фудбалер интервенираше на самата гол-линија, но топката стигна до Кејн, кој мајсторски ја смести во мрежата.

Баерн потоа рутински го контролираше темпото во второто полувреме, Коман ја погоди гредата, но Нојер успеа да ја сочува мрежата незатресена и баварците се искачија на врвот на табелата, со еден бод повеќе, но и меч повеќе во однос на второпласираниот Баер Леверкузен („фармацевтите“ утре во рамките од оваа рунда му гостуваат на Вердер).

Се вчитува...