На денешен ден 25. ноември 2020 година, во 60. година од животот почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Познатиот Аргентинец беше првак на светот со својата репрезентација во 1986 година, а на италијанскиот Наполи му донесе две шампионски титули. Играше за Бока Јуниорс, Барселона, Севилја, Њуелс Олд Бојс, а беше селектор и на Аргентина.
За многумина најдобар фудбалер на сите времиња. Беше виртуоз со топката, и да направи што ќе посака. Во Аргентина и ден денеска има статус на „Бог“, и веројатно тоа ќе остане така засекогаш.
Марадона е роден 30. октомври 1960 година во Вилја Фиорикио и имаше седум браќа и сестри. Во Бока замина на 21 година, а потоа замина во Барселона. Врвот на кариерата го достигна во 1986 година кога се искачи на врвот на светот. Таа година е познатата „Божја рака“ кога постигна гол против Англија со рака. Голот беше признат, и стана еден од најпознатите моменти на сите времиња во фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

