Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели, доживеа сообраќајна несреќа во четвртокот вечерта во близина на Бреша. Веднаш потоа Балотели беше пренесен во болница, но за среќа не му се дојагностицирани тешки повреди.
Фудбалерот изгубил контрола врз своето возило Ауди и удрил во бетонска ограда покрај патот. Во несреќата нема други повредени. Тој бил пуштен на домашно лекување по направените прегледи.
Балотели одбил да направи алкотест на лице место, и поради тоа му била одземена возачката дозвола. 33-годишниот играч е дел од Адана, за кој постигна три гола во пет натпревари. Бил пуштен дома за лечење на повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

