Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повика нов играч во тимот во кого гледа како решение на проблемите со многуте повреди во екипата.
Како што е познато, „кралевите“ остануваа без услугите на Винисисус Жуниор, потоа Џуд Белингем, а Родриго исто така има болки по враќањето од Бразил.
Клубот не планира да бара нов играч во нападот во зимскиот преоден рок. Наместо тоа, во следните мечеви повеќе шанса ќе добие Гонзало Гарсија, член на Б тимот на тимот од Мадрид. Тој игра во нападот, но може да биде поставен и на двете крилни позиции. Во тековната сезона има 15 меча со шест постигнати гола во вториот тим на Реал.
Гарсија неколку пати тренираше со првиот тим на Реал, но и натаму нема дебитирано. Тој се најде на списокот на фудбалери кои може да настапи во дуелот против Кадиз викендов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

