Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели, кој имаше сообраќајка со својот автомобил во Бреша во четвртокот вечерва, изрази изненадување од вниманието на јавноста.
Балотели избегна сериозна повреда, но одби алкотест, при што полицијата му ја одзеде возачката дозвола. Фудбалерот изјави дека не може да поверува дека има толку голем интерес за инцидентот.
„Го удрив автомобилот, и си заминав дома со друг. Мислев дека веќе не е модерно да се крева врева за вакво нешто. Никој не е повреде, само удрив и си отидов. Во светот има милијарди проблеми, а единствено во весниците ја гледам само мојата несреќа. Ќе беше проблем да немав целосно осигурување, но го имам. Наместо за поважни теми, тие зборуваат за мојот инцидент. Неверојатно“, кажа Балотели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

