Легендарниот Раул ќе води тим во ЛШ?

Легендарниот шпански фудбалер Раул Гонзалес, е главен кандидат за клупата на германскиот тим Унион Берлин. Овој тим после 11 одиграни кола, е на претпоследното место на тбаелата со само шест освоени бодови, а последен е и во ЛШ каде освои само еден бод против Наполи.

Сметката за очајните резултати ја плати тренерот Урс Фишер кој доби отказ после пет години. Сега е на добар пат да биде заменет со легендарниот шпански фудбалер, кој во Бундеслигата играше во тимот на Шалке.

Раул тренерската кариера ја почна во младите категории на Реал Мадрид, каде е од 2018 година. Се споменуваше и како можен тренер на првиот тим на „кралевите“, а сега е време да се проба и како тренер на сениорска екипа, па Унион би бил вистински предизвик за него.

Се вчитува...