ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Никој како Ерлинг Халанд

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постигна гол за Манчестер Сити на дербито со Ливерпул, и тоа беше негов јубилеен 50-ти погодок во Премиерлигата.

Халанд до оваа бројка стигна по само одиграни 48 натпревари, што е рекорд во Премиерлигата. Досега рекордот го држеше Енди Кол кој постигна 50 голови по 65 одиграни натпревари, меѓутоа на Норвежанецот тоа му успеа многу порано, и тешко дека некој во блиска иднина ќе успее да го урне овој рекорд.

Се вчитува...