Отворена е новата сезона на ски-скокови со натпреварувањето во финскиот Руки, а жолтата маица на стартот ќе ја носи Штефан Крафт од Австрија. Вицепрвакот од минатата сеозна одлично го почна шампионат, и убедливо триумфираше со 326 бодови, 11 повеќе од сензацијата во првиот ден Пијус Пашке од Германија.
Освен нив, на подиумот се најде и Штефан Лаје, а добриот германски ден го комплетираше Андреас Велингер кој беше четврти. Потфрли најдобриот од минатата сезона Гранеруд кој заврши на 16. место.
Но, сите зборуваат за скоковите на 42-годишниот Симон Аман, кој успеа да биде на 26. место. Имаше и големи потфрлања како на пример на Пјотр Жила, Павел Васек, Јохан Андре Форфанг и Камил Штох кои не успеаја ниту да влезат меѓу првите 30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА