Покетино: Лесно му беше на Њукасл, го одигравме најлошиот натпревар сезонава

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино истакна дека денешниот пораз од Њукасл е најслабиот натпревар на својот тим во оваа сезона.

Тој истакна дека на противникот му било лесно против ваков Челси, и дека тешко им било на навивачите да гледаат што се случува со неговиот тим.

„Најлошиот наш натпревар во оваа сезона. Верувам дека беше тешко да си навивач на Челси на трибините. Немаме право да се жалиме на резултатот. Не можевме да ја прочитаме играта на противникот од самиот почеток. Не одигравме како што треба, без интензитет, без енергија. При 1:1 имавме можности, но за Њукасл се беше лесно. Затоа сум разочаран од нашиот настап. Имаме млада екипа која треба да се развива. Нема да имаме слободен ден, ќе тренираме и утре. Треба да извлечеме поука од ова“, рече Покетино.

Се вчитува...