Дејвис Куп: Италија во финале после драматичната победа над Србија

И покрај тоа што многумина веќе ја видоа Србија во финалето на Дејвис купот, со оглед дека Новак Ѓоковиќ имаше три врзани меч топки против Јаник Синер, сепак, на крајот се случи пресврт и на крајот Италијанците заминаа во борбата за трофејот.

Во одлучувачкиот дубл меч Сонего и Синер, го совладаа Ѓоковиќ и Кецмановиќ со 2-0, што им донесе вкупна победа од 2-1.

Претходно Кецмановиќ го совлада Муцети со 2-1, додека Ѓоковиќ е поразен од Синер со истиот резултат.

Италија ќе игра во финалето на Дејвис Купот кое е на програмата во недела. Во финалето ќе се сретне со Австралија.

Се вчитува...