Штутгарт продолжува да изненадува, триумфално се враќа од Франкфурт

Екипата на Штутгарт продолжи да прави изненадувања во германскиот шампионат, откако го совлада тимот на Ајнтрахт и тоа како гостин со 1-2. Со тоа „швабите“ се зацврстија на третата позиција на табелата зад водечките Леверкузен и Баерн Минхен.

Херој на гостинскиот тим беше Ундав, кој постигна два гола. Најпрво во 1. минута донесе предност за Штутгарт, а потоа во судиското надополнување од првиот дел и уште едно водство, откако Ајнтрахт во 26. минута израмни со автоголот на Антон.

Штутгарт има девет победи од 12 меча, и три порази, додека за Ајнтрахт ова беше само вториот пораз во сезоната.

Се вчитува...