„Новак Ѓоковиќ е најдобриот спортист на денешницата“

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Борис Бекер вели дека Новак Ѓоковиќ не е само најголемиот тенисер. Германскиот стручњак, кој сега е тренер на Холгер Руне, изјави дека Новак е „најдобриот спортист на денешницата“.

Ѓоковиќ имаше блескава сезона во која освои три гранд-слемови и по осми пат годината ја заврши на првото место.

„Можеби треба да гледаме поинаку на работите, бидејќи тој не е само најдобар тенисер на денешницата, туку и најдобар спортист. Сакам да го споредам со Лионел Меси, Леброн Џејмс и Том Брејди“, вели Бекер.

Се вчитува...