Музејот Леброн Џејмс посветен на неговата кариера и неговите многубројни успеси беше отворен на 25. ноември во неговиот роден град Акрон.
Заедно со мултимедијалното искуство, музејот ќе вклучува рекреација на станот во кој живееле тој и неговата мајка Глорија, заедно со предмети од неговото детство, средношколска играчка кариера и шампионските титули со Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс.
Музејот се наоѓа во објектот „33“, кој е основан од Фондацијата Џејмс за да и служи на заедницата каде што пораснал.
Меѓу изложените предмети ќе биде и целосно белиот костум кој Џејмс го носеше на НБА драфтот во 2003 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

