Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, најави дека во блиска иднина би можел да го напушти тимот од Рим.
Во натпреварот од десеттото коло во Серија А, небесносините беа поразени од Салернитана со 2-1, а по тој натпревар тренерот на Лацио беше многу несреќен.
„Го загубивме карактерот и иницијативата. Откако постигнавме гол во првото полувреме, се повлековме и се надевавме дека ќе ја контролираме играта уште 50 минути. Тоа не е карактеристика на овој тим. Очигледно, нешто не е во ред. Да бев сигурен дека јас сум проблемот, веднаш би се повлекол. Не разбирам како е можно поинаку да се однесуваме кон тимот во однос на минатата сезона“, изјави Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

