Фудбалерот на Барселона и бразилски репрезентативец Рафиња најверојатно ќе го напушти каталонскиот клуб во јануари следната година и кариерата ќе ја продолжи во Премиерлигата, пренесуваат шпанските медиуми.
Рафиња минатата година пристигна во Барселона од Лидс, но не ја оправда довербата на тренерот Чави. Бразилскиот фудбалер сезонава одигра 11 натпревари и постигна два гола. Чави реши да го стави Рафиња на трансфер листата, а каталонскиот клуб планира да го продаде веќе во зимскиот преоден рок.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона планира да ги искористи парите од продажбата на Рафиња за да ангажира нов играч во зимскиот преоден рок, кој треба да го замени повредениот Гави. Интерес за Рафиња покажа Њукасл, кој е подготвен да плати околу 50 милиони евра за бразилскиот фудбалер.
Пред Барселона и Лидс, Рафиња играше за Рен, Спортинг и Виторија Гимареш. За бразилската репрезентација настапи на 20 натпревари и шест пати се запиша во листата на стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

