Ферстапен со нова доминантна трка стави печат на историската сезона во Ф1

Неверојатниот Макс Ферстапен со победа и на последната трка сезонава која се возеше на патеката „Јас марина“ во Абу Даби стави печат на историската сезона во Формула 1 шампионатот.

Холанѓанецот беше под напад на Шарл Леклер само на стартот од трката, а откако успеа да го одбие налетот на монтежанецот, на крајот стигна до убедлив триумф. Второто место му припадна на неговиот тимски колега Серхио Перез, но поради казната на крајот заврши четврти. На втората позиција заврши Шарл Леклер во болидот на Ферари, додека трет беше Расел во Мерцедес.

Во топ 10 уште се најдоа и: Перез, Норис, Пјастри, Алонсо, Цунода, Хамилтон и Строл.

За Макс Ферстапен ова беше историска сезона во која успеа да слави на 19 трки од вкупно 22 кои беа возени.

Се вчитува...