Легендарниот кошаркар и член на Куќата на славните Шекил О’Нил изјави дека верува оти се уште немало играч кој би можел адекватно да му се спротивстави на паркетот и дека би бил подеднакво ефикасен и во денешната кошарка.
По завршувањето на својата играчка кариера, Шек се проба во бројни сфери, сопственик е на голем број ресторани, а е дел и од екипата на „ТНТ“ која ги работи НБА мечевите.
„Четири пати бев шампион во НБА лигата, а три пати најкорисен играч во финалната серија. Луѓето можат да кажат што сакаат, но јас отсекогаш сум бил најдобар кога било најважно. Јас сум најдоминантниот кошаркар некогаш виден, допрва треба да видам некој што би можел да ме спречи. Мислам дека би бил подеднакво успешен и во денешната кошарка. Максималниот расположлив простор е искористен бидејќи многу повеќе играчи шутираат за три поени и би имало помала гужва во рекетот“, изјави популарниот Шек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

