100 повредени лица е епилогот од жестоката тепачка во Германија

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт предизвикаа сериозен инцидент и хаос на мечот со Штутгарт (1-2) кога се судрија со полициските сили. Епилогот од жестоката пресметка што се случи во саботата  е 100 повредени лица од двете страни.

Конфликтот настанал пред почетокот на натпреварот. Она што е сигурно е дека полицијата покрена истрага за да се утврди која е првичната причина за немирите кои ја вознемирија германската јавност.

Во саботата, по нередите, полицијата излезе со соопштение во кое се наведува дека навивачите на Ајнтрахт го нападнале обезбедувањето кое го контролирало влезот на трибината.

Органите на прогонот уапсија неколку хулигани, а полицијата, како што беше речено, ќе работи на откривање на сите кои „сериозно го нарушиле редот и мирот“ на спортскиот настан во наредните денови.

Според германските медиуми, при тепачката со полицијата повредени се 70 навивачи, од кои седум потешко.

Се вчитува...