Кошаркарите на Пелистер се вратија на победничките патеки во Првата лига откако вечерва на домашен терен славеа над Вардар со убедливи 116-74 во меч од 9. рунда.
Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по десет минути играа имаа двоцифрена предност од 31-18. До крајот на првото полувреме таа само се зголемуваше па битолчани на пауза заминаа со убедливи 59-38.
Во вториот дел избраниците на Дарко Радуловиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 116-74. Aндреј Маслинко со 26 поени беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Андреја Атанасов постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА