Супер Нено го водеше Уникс до победа над Москва

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ повторно е најголемиот виновник во победата на неговиот Уникс Казањ на домашен терен против Москва од 87-78 во меч од 12. коло во руската ВТБ лига.

Нашиот интернационалец иако немаше шутерска вечер до последните две минути, на крајот со девет поени во низа донесе триумф за својот тим со кој клубот од Казањ се издвои на втората позиција на табелата.

На крајот Димитријевиќ натпреварот го заврши со 16 поени, надополнети со четири скока и две асистенции. Кај поразените Александер Коменко постигна 13 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...