Арналди донесе водство за Италија против Австралија во финалето на Дејвис купот

Тениската репрезентација на Италија поведува со 1-0 во финалето на Дејвис купот против репрезентацијата на Австралија.

Првиот поен за „аѕурите“ го донесе младиот Матео Арналди кој во првиот сингл меч по голема борба славеше над Алексеј Попирин со 2-1, по сетови 7-5, 2-6 и 6-4.

Следни на теренот ќе се појават Јаник Синер и Алекс де Минор. Синер влегува во овој меч со голема самодоверба откако вчера во полуфиналето славеше против Новак Ѓоковиќ и тоа откако спаси три меч топки во низа.

Се вчитува...