Најдобрата алпска скијачка на сите времиња, Микаела Шифрин стигна до 90. победа во кариерата во Светскиот куп откако вечерва славеше на домашниот слалом кој се возеше во американскиот ски-центар Килингтон.
Американката до победата стигна со вкупно време од 1:42.02 што беше за 33 стоти делови од секундата подобро од нејзината најголема ривалка, Словачката, Петра Влхова. Подиумот го надополни Венди Холденер од Швајцарија која доцнеше 1.37 секунда зад времето на победничката.
Најдобрите алпски скијачки се селат во Канада каде следниот викенд на програмата ќе бидат две велеслаломски трки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА