Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до четвртата победа сезонава откако вечерва славеа на гостувањето кај Аеродром со 26-27 во 12. коло од Суперлигата. Првото полувреме помина во егал игра во која гостите беа за нијанса подобри и на пауза заминаа со минимална предност од 12-13.
Битолчани одлично го стартуваа второто полувреме и брзо стигнаа до предност од пет голови (12-17). Сепак, домаќините во ниту еден момент не се предаваа па на четири минути до крајот успеаја повторно да дојдат до израмнување (26-26). Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која подобро се снајдоа гостите за конечен триумф од 26-27. Мирче Калајџиовски со осум гола беше прв стрелец кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 12 погодоци на Наум Костов.
Ракометарите на Куманово стигнаа до првиот триумф сезонава откако во дербито на дното во групата А славеа над единствениот тим кој се уште нема победа, Скопје на домашен терен со 29-21. Oткако првото полувреме помина во егал игра и заврши со нерешен резултат 12-12, домаќините во вториот дел заиграа многу подобро од својот противник и на крајот заслужено стигнаа до прв триумф од 29-21. Taсевски и Гамзардија со по шест гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Давор Шокоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА