Фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа со 0-3 на гостувањето кај Кадиз во меч од 14. коло во шпанската Ла лига. Дефинитивно натпреварот го одбележа младиот Бразилец, Родриго кој постигна два гола и запиша една асистенција.
Родриго водство од 0-1 за „кралевите“ донесе со погодокот уште во 14. минута. Истиот фудбалер зголеми на 0-2 во 64. минута, а Бразилецот својата одлична партија ја „круниса“ со асистенција за Џуд Белингем во 74. минута (0-3).
Cadiz 0 – [2] Real Madrid – Rodrygo 64’
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА