Француски велосипедист со скандалозна изјава: Би го суспендирал Новак Ѓоковиќ!

Поранешниот француски велосипедист Марк Мадио имаше контроверзна изјава во која вели дека би го суспендирал најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Причината за оваа изјава  е фактот што антидопинг агенцијата два часа пред почетокот на четвртфиналната пресметка меѓу Србија и Велика Британија побара од Новак Ѓоковиќ да даде примерок што дефинитивно не е вообичаена практика, а Србинот беше многу лут.

„Подготовките што се користат за допинг можат да се откријат за многу ограничено време и затоа е важно тестирањето да се направи пред настапот. За време на натпреварот може да се случи да се отстранат трагите од допинг производи. Имаат право на тестирање пред мечот – си ја вршат работата. Ако си ја завршат работата како што треба, господинот Ѓоковиќ треба да биде суспендиран. Тој го одбил тестот пред натпреварот и го прифатил потоа. Во возењето велосипед, ако одбиете, тогаш сте позитивни. Ако сте позитивни, ќе бидете казнети“, изјави Мадио.

Се вчитува...