Жозе Мурињо е кандидат за селектор на Бразил?

Португалскиот стратег и во моментов тренер на италијанската Рома, Жозе Мурињо влегува како најсериозен кандидат за преземање на селекторската функција во бразилската фудбалска репрезентација, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Португалецот, наводно, сам се понудил да ги води „кариоките“ по завршувањето на оваа сезона кога му истекува договорот со Рома. Ваквиот развој на настаните е уште поинтересен ако се знае дека пред неколку дена токму Мурињо изјави дека Анчелоти е идеален тренер за Реал.

„Жозе Мурињо е сигурен дека Бразил би бил патот до славното збогување со врвниот фудбал. После тоа би можел да се упати на Блискиот Исток или“, пишуваат бразилските медиуми. 

Се вчитува...