Јокиќ му одржа час по кошарка на првиот пик (ВИДЕО)

Денвер им се врати на победите во НБА лигата откако изминатата вечер на крилја на неверојатниот Никола Јокиќ славеше со 132-120 против Сан Антонио.

Србинот во првата меѓусебна средба против првиот пик на драфтот во 2023 година, Виктор Вембенјама една асистенција го делеше од трипл-дабл учинок проследен со 39 поени и 11 скокови. На спротивната страна пак најрасположен беше токму младиот Французин кој оствари свој „дабл-дабл“ од 22 поени и 11 скокови.

Одлична партија одигра и Богдан Богдановиќ кој во поразот од 133-103 на неговаа Атланта од Бостон постигна 23 поени и 7 скокови.

Во останатите натпревари:

Милвоки – Портланд 108-102
Бостон – Атланта 113-103
Мемфис – Минесота 97-119
Њујорк – Феникс 113-116
Орландо – Шарлот 130-117
Бруклин – Чикаго 118-109
Кливленд – Торонто 105-102

Се вчитува...