Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се врати на 305. место на АТП листата што воедно е и неговиот најдобар ранг во кариерата. Македонецот имаше одличен настап на Челинџерот во Јокохама каде ги мина квалификациите и се натпреваруваше во главната фаза па сосема заслужено забележа скок од 18 места.
Горазд Србљак забележа пад за седум места и се наоѓа на 1047. место на ранг листата, додека Обрад Марковски забележа скок од две места и во моментот го завзема 1463. место.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа пак забележа пад од 19 места и сега е на 197. позиција, додека пад забележа и Магдалена Стоилковска кој сега е на 1265. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

