Рабио е оптимист: Јувентус може да стане шампион на Италија

Големото „Дерби на Италија“ меѓу Интер и Јувентус заврши без победник, по што „нероаѕурите“ останаа на чело на табелата, со два бода предност во однос на „старата дама“. Тактичкото надмудрување на крајот заврши со реми, двата тима во второто полувреме повеќе внимаваа на сопствениот отколку што сакаа да се заканат кон противничкиот гол, за најреален конечен исход со оглед на случувањата на теренот.

Адриен Рабио ја носеше капитенската лента на Јувентус на овој натпревар, а францускиот играч за врска по дуелот изрази оптимизам дека „црно-белите“ се способни да го освојат шампионското скудето на крајот од сезонава.

„Мислам дека ремито е добар резултат. Секако дека сакавме да победиме, но тие се многу силен тим и ензгоден ривал. Ова не е ниту средина од сезоната, има уште многу за играње, уште многу бодови се во игра. Секако, цел на оваа екипа е да се стигне до шампионската титула. Во нашите редови имаме многу играчи кои се од шампионски калибар, така што секако дека верувам дека можеме да го освоиме скудетото. Како што реков, има уште многу да се игра и мораме да бидеме фокусирани на секој нов натпревар за да освоиме што повеќе бодови“, изјави Рабио.

Се вчитува...