Соиграч на Јокиќ во неверица по ракувањето со Вембенјама (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Денвер и Сан Антонио во НБА лигата го одбележаа центрите Никола Јокиќ и Виктор Вембенјама чија меѓусебна пресметка му припадна на српскиот ас кој една асистенција го делеше од „трипл-дабл“ учинок.

А, по натпреварот се појави и интересно видео на социјалните мрежи каде во главна улога е кошаркарот на Денвер, Џелен Пикет кој остана вчудоневиден од големината на дланката на францускиот тинејџер висок 224 сантиметри за која мораше да им раскаже и на соиграчите.

 

Се вчитува...