Јокиќ со пофални зборови за Венбенјама: Верувајте, тој ќе ја промени играта

Никола Јокиќ одново флертуваше со „трипл-дабл“ учинок во новата победа на Денвер. Овој пат Србинот реализираше 39 поени, 11 скокови и 9 асистенции во триумфот од 132-120 против Сан Антонио во натпревар во кој се сретна со првиот пик на драфтот во 2023 година, Виктор Венбенјама.

По натпреварот српскиот центар имаше пофални зборови за францускиот колега изјавувајќи дека тој полека се привикнува на новата средина и дека полека започнува да ја променува играта.

„Има само 19 години. Не се плаши дека ќе се умори, игра многу цврсто. Ништо не зема здраво за готово. Грешки, но тоа е нормално. Мислам дека медиумите не му помагаат многу, но ќе се навикне и на тоа. Ќе биде тој кој ќе ја промени играта, сто отсто. Тој е веќе на тој пат.

Може да брани било кој на теренот. Може да брани од позиција еден па до пет и тоа е многу добро за него за да ја научи секоја позиција на теренот. Чисто за искуство. Знам дека му е тешко да ги брка сите околку бидејќи во Франција играше само на позицијата центар“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...