Братот на Валентино Роси ќе го наследи Маркез во Хонда

Раководстовто на Репсол Хонда и официјално го реши прашањето околу наследникот на Марк Маркез, откако денеска беше потпишан договор со Лука Марини.

Италијанскиот мотоциклист е помлад брат на Валентино Роси, Марини тргнува по стапките на „докорот“ ако се знае дека Валентино својата авантура во најсилната класа од 1999 до 2003 година ја стартуваше токму како член на Репсол Хонда.

Марини имаше договор со тимот на ВР46 чиј сопственик е неговиот брат, но доби зелено светло да се пресели во пореномираниот тим и да вози за Хонда во 2024 година. Тој досега има 53 настапи во Мото ГП шампионатот, а најголеми успеси му се две искачувања на подиумот и еден најбез круг.

Марк Маркез освои шест титули како возач на Репсол Хонда, но честите повреди го исфрлија од ритам големиот шампион, па Шпанецот во следната сезона ќе вози за Гресини на Дукати.

Се вчитува...