Белингем е чудо – го урна и рекордот на Роналдо

Џуд Белингем продолжува со импресивните игри во дресот на Реал Мадрид, откако англиската суперѕвезда се запиша меѓу стрелците и на последното гостување во Кадиз, меч што „кралевите“ го добија рутински со 0-3.

За Белингем ова беше вкупно 14. погодок откако летово стана член на најтрофејниот европски клуб, со што Англичанецот испиша историја како фудбалер со најдобар старт на една дебитантска сезона во дресот на „кралевите“. Досегашен рекордер во оваа категорија беше Кристијано Роналдо, кој во 2009 година постигна 13 гола на своите први 15 средби за Реал Мадрид, а Белингем дефинитивно ги надмина очекувањата иако Реал минатото лето плати богатство за да го доведе од Борусија Дортмунд.

Интересно, Англичанецот во целата ланска сезона постигна 14 погодоци за „милионерите“ од Дортмунд, бројка што сега успеа да ја израмни уште во месец ноември во дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...