Кожув избра: Даскаловски на местото на Јончевски

Боро Даскаловски е изборот на раководството на Кожув за нов предводник на кошаркарскиот прволигаш од Гевгелија, една седмица откако од клупата на оваа екипа си замина актуелниот селектор Алек Јончевски.

Кожув беше во потрага по нов стручњак, разговараше со неколку кандидати, за на крајот изборот да падне врз Даскаловски, кому последен ангажман му беше во вториот тим на МЗТ Скопје.

„По заминувањето на тренерот Јончевски неговата позиција ќе ја менува тренерот Борче Даскаловски.Тој допаѓа од екипата на Мзт Уни Банка а пред тоа ги предводеше и Карпош Соколи во 2017г ,исто така во 2019/20 бил и асистент на Емил Рајковиќ во казахстанското првенство во тимот на Астана. Му посакуваме добредојде во црвено белата фамилија а на селекторот Јончевски му се заблагодаруваме за досегашната соработка и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, се вели во објавата на КК Кожув.

Оваа екипа има две победи и седум порази по првите девет кола од оваа сезона, па јасно е дека пред новиот тренер е сериозен предизвик да го врати тимот на победнички патеки.

Се вчитува...