Карло Анчелоти влегува во последните месеци од договорот со Реал Мадрид, веќе подолго време беше најавувано дека тој сигурно ќе си замине на крајот од оваа сезона, но последните информации говорат дека троејниот стручњак би можел да го продолжи престојот на „Сантијаго Бернабеу“.
Бразилците не ја кријат желбата да го доведат Анчелоти за селектор, дел од медиумите тврдат и дека постои потпишан преддоговор за ова да се случи, но Флорентино Перез е убеден дека може да го премисли својот тренер и да го натера да остане во Реал. Последните информации од Шпанија говорат дека Перез во последните денови и официјално му понудил на Анчелоти нов двогодишен договор, под подобри финансиски услови од акутелниот.
Првиот човек на Реал имал само еден услов – очекува одговор до крајот на оваа година. Перез ставил до знаење дека Анчелоти му е прв избор за тренер, но доколку Италијанецот сака да си замине, претседателот на „кралевите“ сака да има доволно време за потпис со новиот кормилар (главен фаворит е Чаби Алонсо).
На потег е „Дон Карло“, кој ќе треба да одлучи, дали да продолжи со работа во најтрофејниот европски клуб или да го прифати големиот предизвик – како лидер на бразилската репрезентација на СП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

