Српскиот стратег на Торонто Рапторс ги „пали“ своите кошаркари пред натпреварите со партизански песни

Српскиот стратег Дарко Рајаковиќ ова лето седна на „жешкото столче“ на Торонто Рапторс со што стана само вториот Европеец во историјата која ја доби шансата да предводи НБА тим. Србинот го „европизира“ канадскиот тим во стилот на играта со подобар проток на топката и помалку солирање, а откри дека и вовел некои новости за поголем енергија на самите натпревари.

Една од нив се песните пред самите натпревари, избрани од тренерите кои треба да дадат дополнителна енергија. Помошните тренери одбраа песни од Брус Спрингстрин и популарниот Тупак, додека изборот на Рајаковиќ е италијанската песна „Бела чао“ која во текот на Втората светска војна стана симбол на отпорот на италијанските партизани против фашизмот.

Се вчитува...