Гвардиола за Гвардиол: Тоа со што многумина се мачат, тој го направи перфектно

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол изминатото лето го засили Манчестер Сити од редовите на Лајпциг во трансфер вреден 90 милиони евра и веднаш се наметна како незаменилив дел од тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Хрватот досега настапи на 13 натпревари во сите конкуренции на кои на теренот помина вкупно 1091 минута па одново доби пофалби од страна на Пеп Гвардиола.

„Не знам веќе со какви зборови да го опишам. Неверојатно е како се вклопи во тимот. Можеби не е лесно на почетокот да се навикнете за настап од едно во друго првенство, но тоа тој го направи на извонреден начин. Тој е многу важен играч за нас“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...