Покетино не ја отфрла веста за ангажман на Осимен: Потребен ни е квалитет

Челси уште во јануари ќе тргне по потписот на нигерискиот голгетер од редовите на Наполи, Осимен. Според информациите на британските медиуми, 24-годишниот голгетер е високо на листата на желба на тренерот Маурисо Покетино и „сините“ ќе се обидат со сто милионска понуда да го преселат на „Стемфорџ Бриџ“.

И покрај тоа што често ваквите гласини се демантирани од самите тренери, Аргентинецот на клупата на Челси овој пат не ја отфрли можноста, туку напротив изјави дека ќе биде отворен за трансферите кои можат да го подигнат квалитетот на екипата.

„Тоа е нешто што ќе го анализираме, сопствениците, спортскиот директор и се разбира стручниот штаб. Доколку одлучиме да тргнеме по некои играчи кои ќе можат да го подобрат тимот и да додадеме на квалитет кој можеби го немаме, мислам дека сме навистина отворени за тоа“, изјави Покетино.

Се вчитува...