„Ферплеј“ кој ретко се гледа – Роналдо одби пенал (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е кандидад за наградата фер-плеј на сезоната откако во натпреварот во Азиската Лига на шампиони во кој неговиот Ал Наср се сретна со Персеполис ја промени одлуката на судијата кој над него досуди пенал.

Се играше втората минута од натпреварот кога Португалецот во обид да избегне старт во шестнаесетникот падна на земјата, а судијата овој потег го процени како недозволена ситуација досудувајќи прекршок на Роналдо. Сепак искусниот голгетер одмавна со прстот, приде до судијата и ја промени одлуката што наиде на голем поздрав од фудбалските фанови.

Се вчитува...