Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека за неговиот тим претстојниот натпревар против Борусија Дортмунд е пресвртница во групната фаза од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Милан вечерва од 21 часот на свој терен го играат против Борусија Дортмунд, натпреварот од петтото коло од групата Ф во Лигата на шампионите.
„Тоа е многу, многу важен натпревар, без сомнение пресвртница во оваа групна фаза“, изјави Пиоли на прес-конференција во Милано.
По четири кола, Милан е трет во поредокот од групата Ф со пет бода. Првопласираната Борусија Дортмунд има седум, Пари Сен Жермен шест, а последнопласираниот Њукасл има четири бода.
„Целта оваа сезона беше да бидеме конкурентни во лигата и Лигата на шампионите. Сега тоа е случај и сакаме да остане така“, заврши Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА