Барса со соопштение: Гави успешно опериран, ќе се врати на терен за најмалку осум месеци

Шпанското „чудо од дете“ Гави го очекува долг пат кон враќање на фудбалските терени откако суперталентот на Барселона денеска беше успешно опериран во клиника во каталонската престолнина.

Гави заработи тешка повреда на коленото на квалификацискиот дуел меѓу Шпанија и Грузија, а откако беше утврдено кинење на лигаментите на коленото беше закажан и хируршкиот зафат што беше извршен денеска.

Операцијата што траеше три часа и мина без компликации ја извршил хирургот Жоан Карлес Монлау, со која се санирани лигаментите, но и делот од екстерниот менискус на Гави кој настрадал при тешката повреда на фудбалерот.

Како што објави Барселона преку официјалното клупско соопштение, паузата на Гави од терените ќе изнесува најмалку осум месеци, а каталонците се надеваат дека овој суперталентиран фудбалер ќе може да се врати на терените во првите месеци од наредната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...