Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез по освојувањето на Светското првенство со Аргентина продолжи со фантастичен ритам и во 2023 година во која веќе постигна 27 голови за „нероаѕурите“ со што стигна блиску до запишување во историјата на италијанскиот клуб.
Имено, само три фудбалери имаат постигнато повеќе голови од Мартинез во една година. Тоа се Кристијан Виери и Диего Милитао кои имаат по 28 постигнати голови и веќе со следниот гол Аргентинецот може да го изедначи нивниот рекорд.
А, доколку до крајот на годината успее да постигне шест голови на преостанатите пет натпревари ќе надмине и рекорд стар 72 години. Истиот е во сопственост на Унгарецот Истван Најерс кој во 1951 година постигна 32 гола во една календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

