Германскиот голман и капитен на Баерн Минхен, Мануел Нојер ја продолжи соработката со германскиот гигант, потврди клубот. Тој останува дел од баварците до 2025 година.
Искусниот голман го засили Баерн Минхен во 2011 година и оттогаш се наметна како незаменилив дел од клубот. Досега настапи на 494 натпревари на кои го предводеше баварскиот клуб до бројни трофеи, но беше надвор од терените во последните десет месеци поради проблем со повреда.
„По долго отсуство поради повреда се вратив. Многу ми е забавно да бидам на теренот со овие момци. Сигурен сум дека заедно со навивачите ќе ги оствариме нашите големи цели“, изјави Нојер.
𝙏𝙃𝙀 𝙂𝙊𝘼𝙏𝙆𝙀𝙀𝙋𝙀𝙍 🐐 @Manuel_Neuer#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/YVmHQlKDsW
— FC Bayern München (@FCBayern) November 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

