Можеби малкумина очекуваа дека Борусија Дортмунд ќе биде тимот кој ќе се бори за првото место во групата „Ф“ која беше наречена група на смртта. Особено што „милионерите“ кампањата ја почнаа со пораз од ПСЖ, а потоа следуваше реми со Милан, и три победи по ред (две со Њукасл, и со Милан на Сан Сиро).
„Милионерите“ се сега пласирани во 1/8 финалето, но прашање е дали како првопласирани во групата, или на второто место. Тоа ќе зависи од мечот со ПСЖ на домашен терен, каде што на Борусија Дортмунд им е потребен само бод за да го обезбедат првото место на табелата.
Матс Хумелс беше прогласен за играч на натпреварот после одличните интервенции против напаѓачите на Милан, кои успеаја да постигнат еден гол преку Чукуезе, а промашија и пенал на 0-0. Хумелс кажа дека Борусија Дортмунд оди на првото место во групата.
„Имавме одлична вечер. Среќен сум за победата, и за мене поради интервенциите и поради тоа што бев прогласен за играч на мечот. Кога тимот игра добро, и мене ми е полесно. Одлично е да се игра во Лигата на шампионите на ваков. Сега нема да застанеме тука. Сакаме за две недели да го обезбедиме првото место во групата. Не сакаме да бидеме елиминирани во 1/8 финалето“, изјави Хумелс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА