Галатасарај и Манчестер Јунајтед се подготвени за битка за место во осминафиналето од Лигата на Шампионите, но дуелот во Истанбул би можел воопшто да не се игра денеска во предвидениот термин од 18.45 часот.
Причина е поројниот дожд што од рано утрово паѓа во турската метропола, правејќи го теренот на стадионот на Галата речиси невозможен за игра.
На социјалните мрежи беше објавено видео од официјалните лица како вршат инспекција на теренот, јасно е дека на одредени делови топката воопшто не може да скокне од поплавата, па интересно ќе биде да се види одлуката – дали мечот воопшто ќе се игра денеска или ќе биде презакажан за друг термин.
🚨🚨| Heavy rain in Istanbul, the match between Galatasaray and Manchester United is currently set to go head but UEFA officials are continuously checking pitch conditions.
— CentreGoals. (@centregoals) November 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА