Мерцедес остана без важен спонзор поради Мекларен

Новата лоша сезона на Мерцедес во Формула 1 шампионатот во која доскорешниот гигант не беше на нивото на Ред Бул донесе и голем проблем за германско-британскиот тим кој остана без спонзорот „Монстер“.

Популарниот бренд кој е добро познат по енергетските пијалоци сепак не заминува од најбрзиот шампионат во светот, туку само ќе го промени тимот и ќе биде дел од конкурентот на Мерцедес, Мелкарен чии возачи Оскар Пијастри и Ландо Норис важат за сензација на сезоната 2023.

Логото на „Монстер“ ќе се појави на кацигите, комбизоните, качкетите и шишињата за освежување на возачите, односно ќе го замени местото на „Кока кола“.

Се вчитува...