Интер од 0-3 до реми против Бенфика, Копенхаген остана непоразен и во Минхен (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Интер ги одигра веројатно најлошото и најдоброто полувреме во Лигата на шампионите во ремито на гостувањето кај Бенфика од 3-3. Иако „нероаѕурите“ играа без дел од своите најдобри фудбалери, сепак неприфатлива беше негативата од 3-0 на полувреме. Сите три гола беа дел на поранешниот фудбалер на Интер, Жоао Марио.

Сепак, избраниците на Симеоне Инзаги одиграа тотално спротивно во вториот дел и со погодоците на Фратези, Арнаутовиќ и Санчез успеаја на крајот да стигнат до реми 3-3.

Benfica 3 – [3] Inter – Alexis Sanchez (penalty) 72‎’‎
byu/MarcoRuss insoccer

Kопенхаген одигра нов историски натпревар во ЛШ откако остано непоразен на гостувањето кај Баерн Минхен (0-0) и сега е во пол-позиција за второто место во групата А пред последното коло. Арсенал го наполни до врв голот на Ленс (6-0), додека Реал Сосиедад ремизираше со Салцбург 0-0.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 5. КОЛО: 

РЕАЛ МАДРИД – НАПОЛИ 3-2

АРСЕНАЛ – ЛЕНС 6-0

БЕНФИКА – ИНТЕР 3-3

БАЕРН МИНХЕН – КОПЕНХАГЕН 0-0

БРАГА – УНИОН БЕРЛИН 1-1

РЕАЛ СОСИЕДАД – САЛЦБУРГ 0-0

18.45 

ГАЛАТАСАРАЈ – МАНЧЕСТЕР Ј. (3-3)

СЕВИЛЈА – ПСВ АЈНДХОВЕН 2-3 

 

Се вчитува...